Мик Џегер објави две мрачни песни против брегзитот (ВИДЕО)

Пејачот на Ролинг стоунс издаде две нови песни, кои сликаат мрачна и вознемирувачка слика за „брегзитската“ Британија.

Фронтменот на Ролинг стоунс, Мик Џегер, доцна во четвртокот објави две нови песни, во кои ги критикува брегзитот и „променливата политичка ситуација“, која го поттикна референдумот на кој Британија изгласа да ја напушти Европската Унија.

Џегер, кој на референдумот ги поддржуваше оние што беа за останување во ЕУ, наслика мрачна слика за Британија во песните под наслов „England Lost“ и „Gotta Get A Grip“.

Во „England Lost“ (Англија загуби) тој пее: „Отидов да ја видам Англија, но Англија загуби / отидов отпозади, но тие рекоа губи се“, можеби алудирајќи на британските обиди на „задна врата“ да ги задржат придобивките од членството во ЕУ и покрај тоа што заминуваат.

Џегер, исто така, пее: „Мислам дека ја губам мојата имагинација / уморен сум од зборување за имиграција / Не можеш да влезеш и не можеш да излезеш / Претпоставувам дека ова е целата поента“.

Вознемирувачкото видео што ја придружува песната покажува совршено дотеран човек, кој станува сè повознемирен додека бега кон брегот од некој непознат ужас. На крајот тој е насилно одвлечкан на плажата додека се обидува да побегне во брановите. Едно девојче го прашува: „Каде мислеше дека можеш да отидеш... прибери се“.

Во „Gotta Get А Grip“ Џегер ги опфаќа политичкото раководство на Велика Британија и медиумскиот естаблишмент: „Светот е наопаку / Го водат лудаци и кловнови / Никој не ја зборува вистината, а ментална институција го раководи градот... Сите си ги полнат џебовите / Сите се корумпирани / Сите вести се лажни“.

Песните содржат „чувство на ранливост во однос на тоа каде се наоѓаме како земја“, вели Џегер, пренесува Ролинг стоун. Тој ги напишал песните како одговор на „вознемиреноста [и] непознатото во променливата политичка ситуација“, очигледен нервен слом.

„Претпоставувам дека пораката е - и покрај сите овие работи што се случуваат, мора да продолжите со својот живот, да бидете свој и да пробате сами да си ја создадете сопствената судбина“, вели Џегер.

Тој рече дека ги напишал „Gotta Get A Grip“ и „England Lost“ во април и одлучил да ги објави како самостојни песни, наместо да чека да ги стави на целосен албум. „Секогаш е освежувачки да станеш креативен на поинаков начин и чувствувам мало враќање во времето кога можеше да се биде малку послободен и полабав и да снимиш набрзинка и веднаш да објавиш“, рече тој. „Не сакав да чекам до следната година кога овие две песни може да го загубат влијанието и да не значат ништо“.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе