Марк Хамил го „кине“ Хан Соло во Лошо читање од усни (ВИДЕО)

Видеово е одлично на милион различни нивоа.

Најновото дело на омилениот Јутјуб-серијал „Лошо читање од усни“ (Bad Lip Reading) се фокусира на „Ѕвездени војни: Силата се буди“, а најубавата работа: Марк Хамил чита реплики!

Се разбира, тој не зборува како Лук Скајвокер, туку одлично го „кине“ Хан Соло.

Всушност, сите актерски гласови се добри, а во некои случаи стварно е тешко да се поверува дека смешните реченици не се она што хероите навистина го кажуваат.

Новото видео ѝ е посветено на починатата Кери Фишер.

Објавено

Четврток, Април 6, 2017 - 21:11

Коментари

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе