СО МЕСЕЦИ

Мајкл Мур тајно снимал документарец што „ќе го урне Трамп“

Мајкл Мур тајно правел документарен филм против Трамп, за кој вели дека ќе биде доволно моќен за да го урне претседателот.

Документарецот, насловен „Фаренхајт 11/9“, според датата на која беше потврдена изборната победа на Трамп, го купиле Боб и Харви Вајнстајн, пренесе Лос Анџелес тајмс.

Вајнстајнови го дистрибуираа и „Фаренхајт 9/11“, која остана најпрофитабилен документарен филм на сите времиња.

„Не постои поголемо нешто што ние можеме да го направиме токму сега отколку да ја имаме моќта да ѝ го пренесеме Мајкл Мур на масовна публика“, рекоа Вајнстајнови во соопштението, додавајќи дека тие се „одушевени што се дел од оваа револуција“.

Документарниот филм, кој сè уште е во продукција, ги следи факторите што доведоа до изборот на Трамп, како и неговото претседателствување, вели Ентертејнмент викли.

Во соопштението се вели дека документарецот ќе помогне да се раствори Трамповиот „тефлонски штит“ - и неговото претседателствување.

„Што и да фрлите кон него, тоа не функционираше. Што и да беше разоткриено, тој останува исправен. Фактите, реалноста, мозокот, не можат да го победат него“, вели Мур во соопштението. „Дури и кога самиот ќе си направи рана, следното утро тој станува и продолжува да оди и да твитува. Сето тоа ќе заврши со овој филм.“

Сè уште не се знае датумот на излегувањето на документарецот.

Прашањето на потпишување договор за добрососедство со Бугарија е вештачко прашање.

повеќе

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

повеќе

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе