Козби и Полански се исфрлени од Академијата за филмски уметности и науки

На Козби му се заканува затвор од 30 години поради силување на Андреа Костанд во 2004 година. Полански призна дека во 1977 година имал полов однос со 13-годишно девојче. Досега од Академијата се исфрлени четири члена.

Комичарот Бил Козби и режисерот Роман Полански, кој е награден со Оскар, исфрлени се од Академијата за филмски уметности и науки.

Козби и Полански се првите членови што се исфрлени поради кршење на кодексот на однесување што го усвои Академијата во декември откако во јавноста излегоа низа обвинувања за сексуално вознемирување и малтретирање во индустријата на забавата.         

Козби (80), познат како „американскиот татко“ поради татковската улога во популарната хумористична серија од осумдесеттите години „Козби шоу“, минатата недела е обвинет поради дрогирање и сексуален напад врз Андреа Костанд во 2004 година. Му се заканува казна затвор од 30 години.

Полански (84), кој во 2003 година доби Оскар за режија на воената драма Пијанист, призна дека во 1977 година имал незаконски секс со тринаесетгодишно девојче во Лос Анџелес.

Овој француско-полски режисер живее во Франција, а од Соединетите Држави побегнал од страв дека ќе добие голема затворска казна. Неговиот случај сè уште е во тек. Ни неговите, ни претставниците на Козби уште не ја коментираа оваа одлука на Академијата.

Досега од Академијата се исфрлени четири члена. Некогаш моќниот филмски продуцент Харви Вајнстајн беше исфрлен во октомври откако неколку жени го обвинија за сексуално вознемирување долго со децении, со што и почна општественото движење #И мене (MeToo). Вајнстајн (66) негираше дека со некого имал полов однос без согласност.

Глумецот Кармин Кариди е исфрлен во 2004 година зашто дистрибуирал копии од филмови пратени до членовите на Академијата.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе