Ким Катрал до Сара Џесика Паркер: „Не си ми пријателка“

Катрал е вознемирена откако Паркер ѝ пратила порака со сочувство по смртта на нејзиниот брат.

Ким Катрал има порака до Сара Џесика Паркер: Поштеди ме од твоето сочувство. Асошиетед прес јави дека Катрал ѝ се нафрлила на својата поранешна колешка од „Сексот и градот“ откако Паркер ѝ изрази сочувство за смртта на братот на Катрал, Крис.

Во пораката на Инстаграм објавена во саботата, Катрал напиша дека Паркер не ѝ е пријателка и ја нарече лицемер.

„Твоите постојани обиди за контакт се болно потсетување за тоа колку всушност си сурова, и тогаш и сега“, напиша Катрал. „Дозволи ми да ти разјаснам (ако досега не беше јасно). Ти не си ми семејство. Ти не си ми пријателка. Па затоа ти пишувам за да ти кажам за последен пат да престанеш да ја користиш нашата трагедија со цел да ја обновиш својата персона на 'фина девојка'.“

Во постот на Инстаграм Катрал линкува статија на Њујорк пост за „културата на лошите девојки“, што наводно ја уништило франшизата „Сексот и градот“.

Статијата детално објаснува како Катрал им била прикажувана како дива на фановите што ги чекале филмските адаптации на популарната ТВ-серија, а всушност таа наводно била отфрлена од нејзините три главни колешки - особено од Паркер, за која се вели дека била љубоморна на талентот на Катрал да доминира во сцените.

Двете актерки, наводно, со години не се согласувале.

Братот на Катрал минатата недела беше пронајден мртов. Имаше 55 години.

На 20 јануари 2019 владата на САД веќе цел месец е делумно блокирана поради инсистирањето на Трамп да добие 5,7 милијарди долари од Конгресот за финансирање на неговиот расистички и средновековен пограничен ѕид.

повеќе

Луѓето се љубопитни суштества, колку и да го одрекуваат тоа.

повеќе

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе