Глумецот се отвори

Кевин Спејси: Јас сум геј

Актерот Кевин Спејси вели дека „сакал мажи и имал романтични средби со нив“ и сега „избира да живее како хомосексуалец“. Тој одлучи да прозборува за својата сексуална ориентација откако беше обвинет дека се обидел да заведе 14-годишник.

Ентони Реп, кој игра во серијата „Ѕвездени патеки: Дискавери“, во неделата на Твитер напиша дека кога имал само 14 години, Спејси го зел во прегратка и го спуштил на кревет.

„Имам длабока восхит и почит кон Ентони Реп како актер. Згрозен сум што ја слушам оваа приказна“, рече Спејси. „Искрено, не се сеќавам на таа средба, тоа мора да било пред повеќе од 30 години. Но ако сум се однесувал така како што опиша тој, му должам најискрено извинување за она што само може да се објасни со фактот дека сум бил пијан и жал ми е што чувствата што тој ги опиша ги носел во себе сите овие години.“

Глумецот вели дека ситуацијата „го охрабрила да прозборува и за други работи во врска со неговиот живот“.

„Како што знаат моите најблиски, сум имал врски и со мажи и со жени. Љубев и имав романтични средби со мажи во текот на целиот живот и сега избирам да живеам како геј маж.“

Реп, кој сега има 46 години, го обвини Спејси дека се обидел да го заведе на една забава во 1986 година.

„Ме крена како што младоженецот ја зема невестата в раце. Но јас во почетокот не се бунев, бидејќи бев збунет. А потоа легна врз мене“, рече Реп за Базфид.

„Се обиде да ме заведе. Не знам дали би можел тоа да го наречам така, но бев свесен дека се обиде да ме заведе во сексуална смисла“.

Реп, кој вели дека никогаш не го пријавил Спејси, вели дека скандалот со продуцентот Харви Вајнстин го охрабрил да прозборува за тоа.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе