Британската војвотка од Кембриџ роди момче

Војвотката од Кембриџ денеска роди момче, многу очекуваното кралско бебе, потомок на кралеви и рудари и трет наследник во редот за британскиот трон.

Кралскиот наследник бил роден во 16:24 според лондонско време и тежи 3 кила и 800 г, соопшти кралското семејство. Не било веднаш соопштено името на момчето.

Принцот Вилијам бил присутен на раѓањето, пишува во официјалното соопштение. „Кралицата, војводата од Единбург, принцот од Велс, војвотката од Корнвол, принцот Хари и членови на двете семејства се информирани и се воодушевени од веста.“

Војвотката и нејзиното дете „се добро и ќе останат во болница во текот на ноќта.“

Гужвата пред болницата во очекување на бебето

Во краткото соопштение претходно денеска официјалните претставници на Кенсингтонската палата рекоа дека војвотката од Кембриџ била однесена во приватното крило Линдо на болницата Сент Мери во близина на станицата Педингтон во западен Лондон, каде што светскиот печат со недели кампува со надеж дека ќе успее да го ѕирне најмалиот наследник.

Кејт се породила во истото крило во истата болница во која Дајана, принцезата од Велс, пред 31 година го роди принцот Вилијам, по 16-часовно породување.

Принцот Вилијам ги повикал кралицата Елизабета, својот татко, принцот Чарлс, и братот, принцот Хари, за да им ја каже веста пред да се објави официјалното соопштение за печатот.

Според кралската традиција, пред Бакингамската палата бил поставен раскошен триножник со објава за раѓањето на наследникот.

Триножникот со објавата на радосната вест

Кралската двојка не сакаше да го знае полот на бебето пред раѓањето.

Новородениот принц од Кембриџ ќе биде трет во редот за тронот по неговиот татко, принцот Вилијам, 31, и неговиот дедо, принцот Чарлс, во согласност со промените на законот за наследство пред неговото раѓање.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе