Кејт Мидлтон: Нема да им продаваме слики од бебето на списанија

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон нема да продаваат фотографии од своето бебе.

Британската кралска двојка вчера го доби своето прво дете, момче. Името на бебето сè уште не е соопштено.

Официјалниот кралски фотограф ќе ги направи првите фотографии на идниот монарх и тие ќе бидат поделени од страна на палатата, велат извори на Шоубизспај.

„Кејт и Вилијам добија понуди од неколку списанија за продажба на првите фотографии од нивното бебе“, изјавил еден инсајдер.

„Тоа би било голем бум за кој било медиум. Но тие нема да го сторат тоа. Наместо тоа, официјалниот кралски фотограф ќе ги направи првите слики и палатата потоа ќе ги дистрибуира.“

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе