Конечно

Камерон Дијаз: Толку од мене

„Толку од мене“, рекла Камерон Дијаз и најавила дека веќе нема да глуми.

Дијаз глумеше во десетици филмови од нејзината прва голема улога во „Маската“, но се чини дека повеќе не сака да го гледа своето име на билбордите.

Самата 45-годишна глумица не го најави повлекувањето од Холивуд, но нејзината колешка од „Најслаткото нешто“, Селма Блер, алудираше на тоа.

На предзабавата на Оскарите, Блер рече: „Ручав со Камерон пред некој ден, си муабетевме за филмот. Јас би сакала да снимам продолжение, но Камерон се пензионира од глумата, таа рече 'Толку од мене'. Мислам, не мора веќе да снима филмови, таа има прилично одличен живот, не знам што ќе треба да се направи за да ја вратиме.“

Продуцентите не можеа да се наситат од Дијаз во 90-тите и 2000-тите години, ја ставаа во блокбастер-филмови како „Свадбата на мојот најдобар пријател“, „Има нешто со Мери“, „Лош учител“, „Она што се случува во Вегас“ и франшизите „Шрек“ и „Чарлиевите ангели“.

Но, да бидеме искрени, глумицата родена во Калифорнија нема снимено ништо откако ја играше Мис Ханиган во новата верзија на „Ени“ во 2014 година. Таа не доби добри критики за тој филм, а критичарот Роберт Еберт ја опиша како единствената „слаба алка“ меѓу големите ѕвезди во филмот.

Тој напиша: „Таа ја немаше онаа бујна суровост и заводлива радост што сите други Мис Ханиганки ги внесоа во улогата. Дијаз не е доволно секси ниту доволно очајна, а прерано е повредена, што значи дека не можеме да бидеме изненадени кога Ханиган ќе открие скриени, пристојни доблести“.

Камерон минатата година откри дека еден од најголемите проблеми со глумата не ѝ се долгото работно време ниту лошите критики, туку постојаното патување.

Според Е! Њуз, таа на публиката на еден настан ѝ рекла: „Едноставно ми дојде: 'Не можам ни самата на себе да си кажам која сум', со што човек тешко се соочува. Почувствував потреба да станам целовита личност.“

Објавено

Понеделник, Март 12, 2018 - 14:04

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе