ВАШИНГТОН ПОСТ

„Игра на престолите“: најлудите и најверојатни теории на фановите

Треба само да почекаме отприлика две години за конечно да дознаеме како ќе заврши сагата „Игра на престолите“.

Понеделничното финале на седмата сезона ја остави вратата отворена за неколку теории на фанови што би се оствариле во осмата сезона. Еве пет теории што постојано се споменуваат.

 

Брен всушност е Ноќниот крал

Брен постојано пробува да ги поправа работите враќајќи се назад во времето, но постојано само ги влошува. Во овој случај, вели теоријата, тој се врати во времето за да ги спречи Децата на шумата да го создадат првиот Бел одач (со прободување на градите на човек), но остана предолго заробен во телото на човекот. На крај, воала, Ноќниот крал!

Во таа сцена, Брен е потпрен на карпа исто како што Првиот човек е потпрен на дрво. Исто така, Ноќниот крал и Брен имаат слична облека.

Застапниците на оваа теорија добија голема поткрепа во овонеделното финале: додека неживиот Висерион го распарчува Ѕидот, војската на мртвите маршира на југ во форма што многу личи на симболот на Старкови, страховолк.

Некои фанови со многу остар вид ја снимиле сликата и ја објавија на Редит:

„Хм, не мислам дека многу личам на Ноќниот крал“, рече глумецот Исак Хемпстед-Рајт. „Не сум сигурен. Само мал број од нас знаат што ќе се случи понатаму“.

 

Брен е причината зошто полудел Лудиот крал

Можеби нашево дете што патува низ времето и влегува во тела се вратило назад и пробало да го предупреди кралот Ерис Таргериен II за Белите одачи, прошепотувајќи му „Запали ги сите“ - но тоа само го збунило и го полудело Ерис, претворајќи го во Лудиот крал, кој си ги пали сопствените луѓе. Упс! Патувањето низ времето може да биде незгодно.

Џон и Денерис ќе имаат бебе

За проблемите со плодноста на Денерис и понатаму се зборува - океј, сфативме! Змејовите се нејзините бебиња! Но да одбележиме неколку работи:

• Џора, исто така, навестува нешто сезонава со коментарот до Џон Сноу дека неговите идни деца ќе го добијат неговиот меч.

• Денерис сезонава му кажува на Џон Сноу „змејовите се моите деца. Тие се единствените деца што некогаш ќе ги имам. Јасно ти е тоа?“ Дали таа само онака генерално прашува дали му е јасно, или се обидува да му навести да не бара бебиња од неа? Потоа и Џон ја прашува, што е работата, кој ти кажал дека не можеш да забремениш?

„Вештерката што го уби маж ми“, го информира таа Џон, кој одговара: „Ти паднало некогаш на памет дека таа можеби не е сигурен извор на информации?“ Не само одличен одговор, туку и многу добра поента!

• Да, Џон и Денерис се внук и тетка - што засега воопшто не е морбидно, бидејќи тие не го знаат тоа. Од друга страна, обајцата се Таргериени, кај кои инцестот не е ништо страшно.

• О, и ова: Џон и Денерис на крајот на финалето на сезоната се смуваа. Тоа е уште еден аргумент.

 

Џејми ќе ја убие Серсеи

Кралоубиецот може да стане и кралицоубиец. На крајот на седмата сезона гледаме дека Џејми заминува од Кингс Лендинг и ѝ раскинува на сестра си. (Мора да признаеме, напуштањето на бившата додека таа вели „мене никој не ме напушта“ е многу фраерски потег - особено откако таа се заканува дека ќе го убие.)

Заминувањето на Џејми може да се гледа како конечно ослободување од емоционалната стега со која го држи неговата сестра - на тој начин отворајќи го патот да ја убие кога ќе сфати колку се луди нејзините постапки.

Тука е и пророштвото. Во петтата сезона видовме флешбек со младата Серсеи, која ја посетува гатачката/вештерка Меги д Фрог и бара да ѝ ја претскаже иднината. Меги ѝ кажува дека никогаш нема да се венча со принцот, „ќе се венчаш со кралот“. Дека Серсеи ќе биде „кралица, некое време. Потоа ќе дојде друга, помлада, поубава, ќе те собори и ќе ти земе сè што ти е драго“. Што се однесува на децата, кралот ќе има 20, а таа ќе има три. („Тоа нема никаква смисла“, протестира младата и очигледно невина Серсеи). А овие три деца ќе имаат златни круни - и превези.

Сето тоа веќе се случи. Во книгите Меги додава: „И кога ќе се удавиш во своите солзи, валонкарот ќе ги завитка рацете околу твоето бледо бело грло и ќе го задуши животот во тебе“. Валонкарот, наводно, на валириски значи „помалиот брат“. Очигледна опција за убиец на Серсеи е Тирион, но можеби тоа е премногу очигледно. Некои обожаватели предвидуваат дека Џејми ќе биде тој што ќе им стави крај на одмаздничките постапки на својата сестра. Уф, колку ќе биде прекрасно тоа!

 

Клегејн-арена

Во серијава имаме братско-братски и братско-сестрински односи од сите видови. Во категоријата „неверојатно насилно и полно со омраза“, првото место оди кај Сандор „Д Хаунд“ Клегејн и неговиот брат/буквално чудовиште Грегор „Д Маунтин“ Клегејн, дуо за кое некои обожаватели со нетрпение чекаат да се соочи во „Клегејн-арената“.

Уште во четвртата сезона, Маунтин ѝ ја раскажа на Арија приказната зад неговите лузни и длабока аверзија кон огнот: како деца, Грегор помислил дека Сандор украл една од неговите играчки - „Не ја украдов, само си играв со неа“, рекол сè уште дефанзивниот Сандор - па момчето го втурнало лицето на својот брат во оган. „Болката беше лоша. Мирисот беше уште полош“, раскажа Сандор. „Но најлошото беше тоа што брат ми го направи тоа. Татко ми, кој го штитеше него, им рече на сите дека ми се запалила постелнината.“

За време на општата собиранка во Драгонпит во финалето на седмата сезона, Хаунд веднаш тргнува кон Маунтин, го гледа својот полумртов брат и вели: „Што ти направиле? Не е важно. Не завршуваш ти вака, брат. Знаеш кој доаѓа по тебе. Отсекогаш си знаел.“

Некои обожаватели теоретизираат дека приказната за крадењето играчка не е вистинската причина поради која Грегор му го запалил лицето на Сандор. Сандор, кој неодамна имаше визија со Белите одачи додека гледаше во оган, како дете можеби имал визија за смртта на Грегор во оган и му ја раскажал детално, па го изнервирал момчето што подоцна ќе стане Маунтин.

Иако коментарите на Хаунд во Драгонпит би можеле да бидат само празни закани, тоа би било прилично бедно. Хаунд е паметен човек, па можеби неговата закана се базира на она што го видел како момче.

Извор: Вашингтон пост

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе