Во „Сабота вечер во живо“

„Иде бура, бејби“ Сторми Даниелс се појави кај Болдвин да го исмеваат Трамп (ВИДЕО)

Најпознатата заќуткана жена во моментов во Америка, проститутката на која Трамп ѝ платил за да молчи за нивната врска, ја отвори устата и викна: „Во живо од Њујорк, сабота вечер е!“

„Сабота вечер“ ја викна Сторми Даниелс, да биде дел од епизодата преполна со ѕвезди што се исмеваат со претседателот Трамп, вели Ролингстоун, а Бен Стилер ја повтори својата улога како адвокатот Мајкл Коен.

Во скечот потоа настапуваат Алек Болдвин како Трамп, Мартин Шорт, Скарлет Јохансон и Џими Фалон, а сето тоа завршува со муабет меѓу Даниелс и Болдвин.

„Ги решив Северна и Јужна Кореја, но можам ли да нè решам нас?“, праша тој.

„Извини Доналд, премногу е доцна за тоа. Знам дека не веруваш во климатските промени, ама иде бура, бејби“, рече Даниелс (storm = бура).

Еве ги најдобрите моменти од епизодата.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе