И Мараја Кери обвинета за сексуално вознемирување

Во тужбата суперѕвездата е обвинета дека го нарекувала својот поранешен шеф на обезбедувањето бел расист и сексуално го малтретирала.

Мараја Кери, наводно, го нарекувала својот поранешен шеф на обезбедувањето нацист, скинхед, член на Кју клакс клен и бел расист, според поплаките содржани во тужбата објавена на веб-страницата Ти-ем-зи.

Адвокатите на Мајкл Анело, кој ја предводел безбедносната компанија на Кери, ги подготвиле документите, во кои Кери се обвинува и дека „се изложувала себеси“.

Анело вели дека неговата компанија работела за Мараја од јуни 2015 до мај 2017 година и не само што му останала должна повеќе од 200.000 долари, туку не му ја дала ветената дополнителна двегодишна работа, што би додало уште 511.000 долари на сметката.

Ти-ем-зи вели дека тужбата сега е паузирана, бидејќи двете страни веројатно се обидуваат да се договорат.

Во обвинението, Анело вели дека Марија ги понижувала него и неговите колеги, наведувајќи ги како членови на групи на омраза, и тврди дека Марија „сакала да биде опкружена со црни момци, а не со бели луѓе“.

Во тужбата има и наводи за сексуално вознемирување, според кои Кери правела „сексуални акти со намера Анело да ги гледа“.

Според Ти-ем-зи, Анело тврди дека за време на посетата на Кабо Сан Лукас, Мексико, Марија побарала од него да дојде во нејзината соба за ѝ го премести багажот; кога дошол таму, таа, наводно, носела „отворено неглиже“.

Тој вели дека пробал да замине, но таа му инсистирала да го премести багажот. Тој вели дека ја напуштил собата и немало физички контакт.

Луѓето на Мараја за Дејли бист рекле дека контактирале со адвокатот на Анело во понеделникот и биле согласни да платат одредени фактури, но дека Анело не е задоволен од сумата.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе