Харисон Форд: Престанете да им давате моќ на луѓе што не веруваат во науката

„Во прашање е иднината на човештвото“.

Познатите личности често ги користат своите платформи за да ја шират свеста за важни прашања. Но додека на многумина од нас станаа глуви за нивните предупредувања, има нешто во врска со Харисон Форд што ги тера луѓето да седат и да го слушаат.

Можеби е до култот што го стекна играјќи херојски ликови како Индијана Џонс и Хан Соло.

Поверојатно, сепак, тоа е затоа што Форд не ги заобиколува важните прашања, туку им упаѓа со распукани пиштоли.

Говорејќи на Самитот за глобална климатска акција во Сан Франциско оваа недела, 76-годишниот актер и неумолив климатски активист даде мрачно предупредување: „Ако не го смениме патот на кој сме денес, иднината на човештвото е во опасност.“

Острото предупредување на актерот беше проследено со долга воздишка. Речиси можевте да ја почувствувате неговата огорченост.

Речиси 27 години Форд работи за групата за заштита на животната средина Конзервејшн интернешнел, која ги поддржува научниците од целиот свет што работат на откривање и надминување на заканите за биодиверзитетот.

Но, како што Форд објасни во својот неодамнешен страстен говор, ниту една од овие работи не е важна ако ја негираме реалноста на климатските промени и колективно ја забораваме природата во нашите „корпоративни, државни и национални климатски цели“.

„Може да ставиме соларни панели на секоја куќа, може да го претвориме секој автомобил во електрично возило, сè додека Суматра гори, не сме направиле ништо“, рече тој.

„Додека големите шуми на Амазон се сечат и се палат, сè додека заштитените земјишта на племенските луѓе, домородните луѓе, се дозволува да бидат загрозени, сè додека мочуриштата и тресетиштата се уништуваат, нашите климатски цели ќе останат надвор од дофат.“

„А нам посрано ќе ни истекува времето“.

Да се каже дека актерот изгледа незадоволен од сегашната состојба на животната средина ќе биде драстично потценување.

Говорот на Форд не е едноставно итен повик за акција, тоа е очаен крик; слабо прикриен напад врз неуките политичари пред среднорочните избори во САД.

„Избирајте лидери што веруваат во науката“, ги повика тој гласачите.

Овие коментари потсетуваат на сличен говор на Форд, кој минатата година стана вирален, откако претседателот Трамп ги повлече САД од Парискиот климатски договор.

„Имаме луѓе задолжени за важни работи што не веруваат во науката“, предупреди тој тогаш.

Сè уште можете да ја почувствувате таа страст една година подоцна. Но по мноштвото политички напади против науката за климата во 2018 година, исто така, може да слушнете и татнеж на гнев.

„Престанете, за име божје, со омаловажување на науката! Престанете да им давате моќ на луѓе што не веруваат во науката или, пак, уште полошо, што се преправаат дека не веруваат во науката за свој личен интерес“, разгневено викна Форд.

„Тие знаат кои се. Ние знаеме кои се!“

Нарекувајќи ги климатските промени „најголемата морална криза на нашето време“, Форд предупреди дека доколку не се промени нешто (и наскоро), оние што се „најмалку одговорни ќе ги сносат најголемите последици“.

Со сето тоа, тој нè врати назад на неговиот суштински аргумент: дека природните вшмукувачи на јаглеродот моментално се „единственото изводливо решение“ за борба против климатските промени.

„Едноставно кажано, ако не можеме да ја заштитиме природата, не можеме да се заштитиме себеси“, рече тој.

Крајот на неговиот говор е сосема во негов стил: „Да ги исклучиме телефоните, да ги засукаме ракавите и да му удриме клоца на ова чудовиште“.

Тука може да ги чуете сите говори од Самитот:

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе