Француската модна икона Живанши умре на 91 година

Модниот свет изгуби џин - и фигуративно и буквално, јавија светските медиуми. Грофот Убер Џемс Марсел Тафин де Живанши, францускиот аристократ висок метар и 98, кој во 1952 година ја основа куќата Живанши, почина во саботата на 91-годишна возраст, објави денеска неговото семејство преку француската новинска агенција Франс прес.

Убер де Живанши, аристократскиот француски моден дизајнер познат по „малиот црн фустан“ и стиловите на Одри Хепберн и Џеки Кенеди, почина на 91-годишна возраст, сооошти денеска неговиот партнер.

Живанши го постави моделот на дамски шик во 1950-тите и 1960-тите години, а неговиот едноставен стил на облека сè уште го следат британската кралица Елизабета Втора и постарите членови на американскиот и кинескиот џетсет.

Неговиот партнер, поранешниот дизајнер на висока мода Филип Вене, соопшти за неговата смрт преку модната куќа Живанши, велејќи дека тој починал во сон во саботата.

Двојката живееше во ренесансен замок во близина на Париз.

„Со огромна тага ве информираме дека почина Убер Тафин де Живанши“, се вели во соопштението за Франс прес.

„Внуците и внуките ја споделуваат болката на господинот Вене“, се додава.

На пошироката јавност тој ѝ беше најпознат како креатор на филмската и личната гардероба на неговата долгогодишна муза, Одри Хепберн, во филмовите меѓу кои и „Појадок во Тифани“ и „Смешно лице“.

Одри Хепберн во „Појадок кај Тифани“ во фустан на Живанши

Глумицата исто така го инспирираше неговиот прв парфем „Латерди“.

 Со неговите совршени манири и дисциплина од старата школа, Живанши постигна импресивно и препознатливо присуство што повеќе од педесет години ја боеше модната индустрија. Страстен колекционер со беспрекорно око за предмети, како и за внатрешно уредување на куќи, тој зад себе ја остава модната куќа што ги дефинираше самите поими за префинетост и елеганција.

Објавено

Понеделник, Март 12, 2018 - 14:24

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе