Талентираниот раскажувач

Ентони Бордеjн се самоуби на 61 година

Ентони Бордеjн, талентиран раскажувач и писател што ги освои гледачите низ целиот свет, почина на 61 година.

Си-ен-ен денеска ја потврди смртта на Бордеjн и рече дека причината за смртта е самоубиство.

„Со неизмерна тага може да ја потврдиме смртта на нашиот пријател и колега, Ентони Бордејн“, соопшти мрежата рано утрово. „Неговата љубов кон големата авантура, новите пријатели, добрата храна и пијалак и извонредните приказни од целиот свет го направија уникатен раскажувач. Неговите таленти никогаш не престанаа да нè восхитуваат и многу ќе ни недостига. Нашите мисли и молитви се со неговата ќерка и семејството во ова неверојатно тешко време.“

Бордејн бил во Франција каде што работел на претстојната епизода од неговата наградувана серија „Делови непознати“. Неговиот близок пријател францускиот готвач Ерик Рипер го нашол Бурдејн нереспонзивен во неговата хотелска соба во петокот наутро.

Бордејн беше мајстор во својот занает - прво во кујната, а потоа и во медиумите. Преку неговите телевизиски емисии и книги, тој ја истражуваше човечката состојба и ѝ помагаше на публиката да размислува поинаку за храната, патувањето и за самите себе. Тој се залагаше за маргинализираното население и водеше кампања за побезбедни работни услови за рестораните.

Ја доби практично секоја награда што индустријата може да ја понуди.

Во 2013 година судиите на наградата Пибоди му оддадоа почит на Бордејн и „Делови непознати“ за „проширување на нашите непца и хоризонти со иста мера“.

„Тој е непоколеблив, чесен, љубопитен, никогаш попустлив, никогаш понизен“, рекоа судиите. „Луѓето му се отвораат и, честопати, откриваат повеќе за своите родни места или татковини отколку можат да се надеваат да документираат традиционалните репортери“.

Смитсонијан еднаш го нарече „оригинал рок-ѕвезда“ на кулинарскиот свет, „Елвис на палавите готвачи“.

Во 1999 година тој напиша статија во Њујоркер, „Не јадете пред да го прочитате ова“, која стана најпродаваната книга во 2000 година, „Доверлива кујна: авантурите во кулинарскиот стомак“.

Храбрите лидери можат да успеат со порака за надеж, отвореност и инклузивност и со промовирање на визија за напредок заснована на веродостојни реформи.

повеќе

Кога панаѓурот ќе помине, и кога наредното утро ќе се погледнете во огледало – сите работи што ве прават незадоволни од самите себеси и понатаму ќе бидат видливи: и изгледот, и навиките, и карактерот... Само идентитетот ќе ви го нема.

повеќе

Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, доколку биде ратификуван, ќе влезе во аналите на историјата на дипломатијата.

повеќе