На БЕТ хип хоп наградите

Еминем со рап го нападна Трамп: „Камикази што ќе предизвика нуклеарен холокауст“ (ВИДЕО)

Рап-уметникот Маршал Маерс, попознат како Еминем, го нападна американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го, меѓу другото, „камикази што веројатно ќе предизвика нуклеарен холокауст“, во рап-рецитал на доделувањето на наградите БЕТ хип-хоп 2017.

Во четириминутниот акапела-рап во вторникот вечерта, Еминем го навредуваше Трамп за неговите твитови, за неговиот одговор на Порторико, за вниманието што ѝ го посветува на НФЛ и за многу други работи.

Еминем ги нападна дури и поддржувачите на Трамп и рече дека ќе мора да изберат помеѓу него и претседателот.

„За секој мој обожавател што е негов поддржувач, цртам линија во песокот - или си за или си против. И ако не можеш да одлучиш кого го сакаш повеќе и си раскинат и не знаеш до кого да застанеш, јас ќе го сторам тоа за тебе со ова: фак ју“, рапуваше Еминем.

Колегата-рапер Снуп Дог, кој имаше разновиден однос со Трамп низ годините, живописно го пофали Еминем во вторникот вечерта.

Еминем со ова доби многу поени кај американската политичка левица.

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе