Денот на првиот контакт

Е па... ај среќен празник!

За четириесет и пет години од денеска - на 5 април 2063 година - истражувачкото вселенско летало на Вулкан, Т'Плана-Хат, ќе слета во Бозман, Монтана, следејќи ја ворп-трагата на Феникс, вселенски брод што го претставува првиот успешен обид на човечката раса во постигнувањето ворп-погон. 

Набргу потоа еден Вулканец во наметка ќе ги крене прстите во вулканскиот поздрав (Живеј долго и просперирај) и ќе се сретне со д-р Зефрам Кокрејн, пилотот на Феникс и изумител на ворп-погонот. Првиот контакт ќе биде врежан во историјата и ќе го поплочи патот за формирање на Обединетата федерација на планети.

Се разбира, Првиот контакт и Денот на Првиот контакт се измислени работи. И покрај тоа, тие се детално утврдени низ франшизата „Ѕвездени патеки“. Секој што е заинтересиран за повеќе детали треба да нурне во некои од следниве дела:

На големиот екран

„Ѕвездени патеки: Прв контакт“, во кој Џејмс Кромвел го игра Кокрејн како човек наклонет кон алкохол и рокенрол, со прекарот „З“. Кромвел подоцна ја репризираше улогата, со „трепни и ќе го пропуштиш“ појавувањето во „Скршен лак“, пилот-епизодата на „Ѕвездени патеки: Ентерпрајз“.

„Многу уживав“, рече Кромвел, чест Трек-гостин, минатата година за StarTrek.com за своето искуство со „Прв контакт“. „Тие многу ми помагаа. Навистина уживав со Џонатан (кој го играше Вилијам Рајкер). Си дозволив со тој лик (Кокрејн) да се забавувам најмногу што можам. Го обожавав неговиот кукавичлак и неговиот начин на избегнување на сè, и со задоволство го глумев. Филмот беше многу успешен и секогаш ме воодушевува интензитетот на лојалноста на луѓето што уживаат во 'Ѕвездени патеки'. Тоа е чудесно.“

 

Пишан збор

Книгите „Прв контакт“ (новелизација на филмот), „Прва граница“, „Академијата на Ѕвездената флота“, „Имзади“ и „Федерацијата“, како и стрипот за Оригиналниот серијал, „Ворп во вселената“.


На малите екрани

Во епизодата „Дома“ (Homestead) од „Војаџер“ Ниликс и Наоми Вајлдман прават забава за 315-годишнината од Денот на Првиот контакт. Тука има ретро-џубокс, омилените закуски на Кокрејн (кнедли со сирење) и особено забавниот момент кога Тувок мошне неволно ги крева прстите во вулканскиот поздрав и ја изговара легендарната фраза: „Живеј долго и просперирај“.

Е па... ај среќен празник!

Во најава.

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе