May The Fourth Be With You

„Ѕвездени војни“ стануваат религија, а 4 Мај е нивниот празник

Не е ни толку добра игра со зборови: „May the Fourth Be With You“. Тоа е сè што треба за да се добие празник? Игра со зборови?

Шегата е позната скоро речиси исто колку и самите „Ѕвездени војни“; официјалната доктрина на „Ѕвездени војни“ потекнува од времето на една реклама-честитка за Маргарет Тачер на денот кога таа победи на изборите за премиер на Велика Британија во 1979 година, само две години по премиерата на првиот филм. Доволно е чудно што официјалните „Ѕвездени војни“ (што значи компанијата „Волт Дизни“, најтранснационалниот од транснационалните културолошки олигополи) воопшто имаат што да кажат за Денот на Ѕвездени војни. За разлика од официјално одобрените конвенции за славење на „Ѕвездени војни“, 4 мај е феномен на масите. Неговото воздигнување до неформален празник се случи дури кон средината до крајот на 2000-тите години, а сега тоа е ден на продажба на брендирани тракатанци, фестивалски прикажувања филмови, колачи направени да изгледаат како сарклас во Големата јама на Каркун и слично. Значи бљак, глупости! Или како и да се вели тоа на бинарниот јазик на испарувачите на влага на Татуин.

Само што... Минатиот викенд бев во кино да гледам еден друг филм на Дизни -„Одмаздници: војна на бесконечноста“, и видов, на крајот на трејлерот за „Соло: Приказна од Ѕвездени војни“, дека неговата премиера е на 25 мај. И океј, срцето ми подрипна. Бидејќи 25 мај е денот на премиерата на „Ѕвездени војни“ во 1977 година. Всушност, премиерите на сите први шест филма се на или околу тој ден. Премиерите на филмовите на сагата во Дизни-ерата (Силата се буди и Последниот џедај) беа околу Божиќ, но за мене, „Ѕвездени војни“ се случува среде пролет.

Ама не на четврти мај. И мислам дека ова може да е важно.

Видете, многу многу одамна на еден континент далеку, далеку од тука, се одржала една голема средба. Во 325 година, почнувајќи на 20 мај (ништо не е случајно) Константин, императорот на остатоците од Рим, повикал околу 300 христијански бискупи во градот Никеја, околу 85 милји југоисточно од Истанбул. Тогаш новата религија веќе влегувала во криза. Верниците не се согласувале околу точниот карактер на врската помеѓу Исус Христос и Бог. Тие користеле различни молитви и вери. И не биле баш сигурни кога е Велигден.

Христијаните се караат за Велигден најрано од 150-тите години, бидејќи иако празникот го слави Христовото Воскресение, неговото потекло оди многу подалеку. Самиот празник потекнува од еврејската Пасха. Некои христијани го поврзувале Христос со жртвеното пасхално јагне и го празнувале Велигден по Пасхата, без разлика кој ден во неделата ќе се паднел. Другите сакале да го слават во недела, по секоја цена.

Во тоа Евреите и христијаните биле како и секоја култура на Земјата што ја слави пролетната рамноденица ова време од годината - раѓање и преродба, пролет од зима. Тоа е поентата со сите тие зајаци и јајца. Вавилонската божица на плодноста Астара му го дала името на празникот. Сите тие митови за воскресение - Озирис, или Персефона, грчката божица на пролетта и жетвата, која дел од годината поминува под земја со Ад, а дел горе? Тоа е тоа, дечки.

Како и да е. Советот на Никеја го одредил Велигден стриктно во недела, решавајќи го проблемот засекогаш, со исклучок на уште илјадниците години битки на таа тема низ целото христијанство. Значи по трејлерот на „Соло“, но пред „Одмаздници“, јас бев обземен од комплетно синодско расположение. Бидејќи јас не можам да смислам ништо посимболично за спојување на една нова религија од дискусија за тоа кога да се постави еден празник.

Пазете, можеби вие сте отишле од едниот до другиот крај на оваа галаксија и ништо не ве убедило дека некои семоќни сили ја контролираат вашата судбина. Разбирам. Ни јас не се крстам во таа црква, претежно сум нерелигиозен, иако ќе признаам дека литургијата што ќе почне со „Ова се патувањата на ѕвездениот брод Ентерпрајз“ ме става во спиритуално расположение, како што правеше во моето порелигиозно детство. Не се глупирам, и немам намера да почнувам некакви богохулни гласини: сите ние наоѓаме утеха и поредок во ваквите резонанции.

Но сепак, кога гледате дека возрасни луѓе се обидуваат или се преправаат дека се обидуваат да научат да се мачуваат со лајтсејбери, тоа во најдобар случај изгледа иронично, а во најлош случај глупаво. Можеби. Не познавам никого во реалниот свет што може како џедај да ја контролира Силата, но не познавам ни некого што може да подели море или да претвори вода во вино. Познавам некои луѓе што веруваат во идеите зад овие суперсили, и кои издржале тешки времиња со слушање и размислување за зборовите на тие приказни.

Нема еквивалентна научнофантастична база верници на ниедна од религиите на милионите или милијарди луѓе низ светот. Барем не денес. Но сите тие религии почнале некаде. Сите тие морале да одлучат што ги обединило - кои молитви да ги кажуваат, до кои начела да се придржуваат, кои вредности да ги споделуваат... и кога да ги слават своите празници.

Автор: Адам Роџерс

Извор: Ваерд

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе