На годишнината од смртта

„Ѕвездени војни“ направи компилација во чест на Кери Фишер, никако без марамчиња (ВИДЕО)

Помина речиси една година од тажната и ненадејна смрт на актерката Кери Фишер, која почина на возраст од 60 години на 27 декември 2016 година, од срцев удар.

Во нејзина чест луѓето од „Ѕвездени војни“ објавија трогателна компилација, која беше презентирана на панел за 40-годишнината, кога Џорџ Лукас, претседателката на Лукасфилм Кетлин Кенеди и ќерката на Кери, Били, излегоа на сцената за да го претстават видеото.

Земете си марамчиња, седнете и уживајте во некои од најголемите моменти на Фишер.

Како што покажува видеото преку клипови од филмовите, снимки од зад сцената и стари интервјуа, Фишер беше ѕвезда за многумина и на и пред екранот. Таа ќе стане прилично позната по нејзиниот искрен, остар јазик - и по тоа што беше страшна фраерка.

Фишер леташе од Лондон до Лос Анџелес во петокот на 23 декември минатата година, кога доживеа срцев удар. Болничарите ја извадија од авионот и ја пренесоа во блиската болница. Таа беше третирана, но подоцна почина.

Кога умре, портпаролот на семејството, Сајмон Холс, кој зборуваше од името на ќерката на Фишер, Били Лурд, рече: „Со многу длабока тага Били Лурд потврди дека нејзината сакана мајка, Кери Фишер, почина во 8:55 утрово.

Таа беше сакана низ целиот свет и длабоко ќе недостига. Целото наше семејство ви се заблагодарува за вашите мисли и молитви“.

Нејзината мајка, Деби Рејнолдс - со која Кери беше многу блиска - почина следниот ден од мозочен удар.

Фишер беше најпозната по глумењето на принцезата Леа Органа во филмовите „Ѕвездени војни“, а глумеше и во хит-филмовите како „Блуз брадерс“, „Хана и нејзините сестри“ на Вуди Ален и „Кога Хари ја сретна Сали“.

Неодамна Марк Хамил во „Греам Нортон шоу“ зборуваше за „Последниот џедај“, кога водителот го праша како се чувствувал кога во 80-тите години беше откриено дека Дарт Вејдер му е татко на Лук.

Тој рече дека бил еден од тројцата одговорни за чувањето на тајната - и дека толку сериозно ја сфатил задачата што дури ни неговата филмска сестра Кери Фишер не знаела за тоа.

Тој му рече на Греам: „Морав да ја чувам тајната околу година и пол“.

Зошто? Па не можел да ѝ каже на Кери затоа што било познато дека таа е слаб чувар на тајни.

По нејзината смрт, оние што ѝ беа блиски раскажуваат разни анегдоти за Кери - и очекуваме дека ќе има уште многу други анегдоти додека луѓето ѝ искажуваат љубов и почит на првата годишнина од нејзината смрт.

Почивај во мир, Кери Фишер.

Објавено

Понеделник, Декември 25, 2017 - 18:04

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе