„Ѕвездени војни“ ѝ оддаде почит на Кери Фишер со трогателно видео

Можеби во некоја галаксија далеку, далеку од тука принцезата кима со глава во знак на одобрување.

Во четвртокот вечерта, семејството на „Ѕвездени војни“ се собра во Орландо за да ја прослави 40-годишнината на филмскиот серијал. Режисери, сценаристи, глумци и обожаватели се собраа на панелот, меѓу кои и ѕвезди како Харисон Форд, Марк Хамил и Ворвик Дејвис, како и претседателката на Лукасфилм, Кетлин Кенеди, и самиот креатор на „Ѕвездени војни“, Џорџ Лукас.

Но ѕвезда на вечерта беше глумицата што не беше таму.

На Кери Фишер, која почина во декември, ѝ беше оддадена почит со трогателно видео на крајот на панелот, водено од нејзината ќерка, Били Лурд.

Видеото има клипови од зад сцената и никогаш досега видени слики од глумците, како и коментари од колегите од „Ѕвездени војни“, кои ја фалат Фишер за нејзината енергија, нејзиниот интелект и нејзината страст.

„Ја сакам“, вели нејзиниот филмски брат Марк Хамил. „Ја сакам кога ме полудува; ја сакам кога ме смее. Таа едноставно е прекрасна.“

„Таа имаше вистинска храброст“, вели Харисон Форд. „Вистинска смелост.“

Видеото содржи и клипови во кои Фишер го опишува времето кога ја глумела принцезата Леа и влијанието што тоа го имало врз неа. Децении по снимањето на првиот филм, таа сè уште се сеќавала на секој збор од нејзиниот монолог со кој го моли Оби-Ван Кеноби да ѝ помогне.

„Мислам дека јас сум принцезата Леа“, вели таа во клипот. „Принцезата Леа е јас.“

Објавено

Петок, Април 14, 2017 - 20:55

Коментари

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе