среда, 8 мај 2024

Тежок пораз од Фарски Острови, Македонија со -7 ќе почне во Скопје

Ракометната репрезентација на Македонија со висок пораз се враќа од Фарски Острови, загубивме со 37-27 и ќе имаме исклучително тешка мисија за да се пласираме на Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Селекцијата на Фарски Острови има ракометен подем, но ретко кој очекуваше дека Македонија ќе загуби дури со седум разлика од нив.

Домаќините одлично го почнаа мечот и поведоа со 7-2, нас ни требаше време да ги консолидираме редовите, во продолжението заигравме нешто подобро и успеавме да дојдеме до 8-6. Но Фарски Острови повторно ја зголемија предноста и на полувреме се замина со 18-14.

Во вториот дел беше слично, ракометарите на Фарски Острови постепено ја зголемуваа предноста, а ние бевме немоќни да ја намалиме негативата, на крајот тие славеа со 34-27.

Филип Кузмановски со осум гола беше нашиот најдобар стрелец, по пет дадоа Марко Митев и Никола Костески. Во составот на Фарски Острово најефикасен беше нивниот главен играч, Елиас Елефсен Скипаготи кој постигна десет голови. Митревски фати шест топки, голманите на Фараните заедно имаа толку.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ