ШЕСТИОТ ТОМ ОД СЕРИЈАЛОТ

Џорџ Р.Р. Мартин по којзнае кој пат вети дека „наредната година“ ќе ја објави „Ветриштата на зимата“

Џорџ Р.Р. Мартин вели дека следната книга од серијалот „Песна за мразот и огнот“ има реални шанси да излезе во 2018 година.

Но не верувајте многу во тоа. На авторот на популарните книги не му е првпат да вети, па да не оствари.

На својата веб-страница викендов Мартин напиша дека работи напорно на „Ветриштата на зимата“, долгоочекуваниот шести том во серијата, адаптирана во хитот на Ејч-би-о „Игра на престолите“. Тој додаде дека има „добри денови и лоши денови“ и дека сè уште го делат месеци од завршувањето на книгата.

Во меѓувреме, тој смета дека „веројатно“ дека ќе ја има својата прва книга „Оган и крв“ до крајот на 2018 или почетокот на 2019 година. Новата книга е историја на куќата Таргериен, чие мото е „Оган и крв“.

Неговиот заклучок: една, можеби две книги за Вестерос во 2018 година.

Баш да видиме.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе