Џорџ Лукас призна дека „можеби претерал“ во „Ѕвездени војни: фантомска закана“

Режисерот Џорџ Лукас призна дека можеби „отишол предалеку на неколку места“ кога станува збор за „Ѕвездени војни: фантомска закана“ од 1999 година.

„Малку е неповрзано“, рече Лукас пред публиката на првата проекција на снимки од „зад сцената“ на ДВД-комплетот од филмот, според Холивуд рипортер. „Смело е во смисла на шантрање на луѓето. Можеби отидов предалеку на неколку места“.

Во снимките од зад сцената, долга еден час, го има и Бен Берт, филмски уредник на „Фантомска закана“, кој го критикува темпото на филмот.

„Во распон од околу 90 секунди одите од оплакување на смртта на херој, па бегате на малку комичниот Џар Џар, па на враќањето на Анакин... Многу работи за многу кратко време“, рече Берт.

На снимката го има и Рик Меккалум, продуцент на филмот, како го гледа „Фантомска закана“ со „рака на устата“ од шок.

Лукас со Меккалум на снимањето на „Фантомска закана“

„Го заматува умот“, ѝ рече Лукас на публиката. „Многу размислував за ова, а незгодно е тоа што сега речиси не може да извадиш ниедно парче од него, затоа што секое од нив ве носи на следното место и не можеш да скокнеш, зашто нема да знаеш каде си.“

Откако публиката ја напушта проекцијата, снимката ги прикажува Лукас, Меккалум и Бурт во „малку жестока дебата“.

„Јас правам одреден вид филмови и ова е конзистентно со тоа“, им рекол Лукас на Берт и Меккалум. „Но ова е многу тежок филм за следење. Но, во исто време, го сторив тоа малку поекстремно од што го правев во минатото. Стилски е дизајниран да биде таков, и не можете да го вратите тоа, но можеме да ги намалиме афектите од тоа. Можеме малку да го забавиме, зашто ако нам ни е интензивно, обичниот човек ќе полуди“.

Филмот не беше хит ни кај публиката ни кај критичарите. Има оценка од 55 проценти на Ротен томатос од критичарите. Последниот филм од франшизата, „Ѕвездени војни: последниот џедај“, кој моментално се прикажува во киносалите, од критичарите доби позитивен рејтинг од 91 отсто, но публиката е поделена, па кај неа доби 51 процент позитивен рејтинг.

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе

Мухамед Али Џина ѝ приговараше на соседната земја зошто се нарекува себеси Индија, а не Хиндустан.

повеќе

Откочувањето на политичките кризи со помош на форматот на лидерските средби не е најдобриот начин, но засега е најуспешниот за излез од повремената политичка кратковидост.

повеќе