Џон Сноу доаѓа во Дубровник? Снимањето на „Игра на престолите“ започнува во февруари

Тимот од серијата „Игра на тронови" во февруари се враќа во Дубровник, каде што ќе ја сними последната осма сезона на оваа популарна серија.

Во ноември минатата година, продуцентите го посетија градот за да најдат нови локации за снимање.

Порталот Дубровник Тајмс од извори блиски до продукцијата на серијата, дознава дека многу од главните ѕвезди од серијата ќе учествуваат во снимањето во Дубровник оваа година.



Според непотврдени информации, меѓу нив може да биде и актерот Кит Харингтон, кој во серијата ја толкува улогата на Џон Сноу.

Планирано е снимањето на последната сезона да трае до август, но сé уште не е познато колку долго тимот ќе остане во Дубровник.

Инаку телевизиската мрежа на Ејџ-би-о својата хит серија ја снима во Дубровник од втората сезона.

Освен Дубровник, за снимање биле користени и други локации во Хрватска, островот Локрум, Сплит, тврдината Клис, Трогир и Шибеник.

Емитувањето на последната осма сезона на „Игра на тронови“ беше најавено за 2019 година.

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе