СПОРЕД ЊУЈОРШКИ ПЕЈЏ СИКС

Џоли со приватен детектив дознала дека Пит ја изневерува со Марион Котијар

Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит откако дознала дека тој ја изневерува со својата сексапилна колешка, добро запознаен извор денеска рекол за озборувачкиот прилог Пејџ сикс на Њујорк пост.

„Таа ангажира приватен детектив бидејќи чувствуваше дека тој се 'мува' со неа на снимањето, и излезе дека е точно. И тоа беше последната капка“, рекол изворот.

За Пит, 52, се шпекулираше дека стапил во преголем „сојуз“ со својата колешка од „Сојузници“ (Allied) Марион Котијар, 40, во текот на повеќе месеци од снимањето на оваа драма за Втората светска војна во Лондон.

Приватниот детектив открил дека Пит веќе две години ја изневерува својата сопруга со Котијар - истовремено забавувајќи се како да е неженет, рекол изворот.

„Атмосферата (надвор од снимањето) беше полна со тешки дроги и руски проститутки, и на Енџи ѝ беше кажано дека Бред е целосно обземен од тоа“, рекол изворот.

„Тој е во агонија поради некаква луда средовечна криза, а на Енџи ѝ е дојдено преку глава.“

Но извор близок до Котијар ги негирал гласините за аферата со Пит и инсистирал дека таа сè уште е со нејзиниот долгогодишен партнер, францускиот актер и режисер Гијом Кане.

„Тие сè уште се заедно. Тие се заедно од 2007 година и имаат едно дете, но никогаш не се венчаа“, изјави изворот за Котијар и Кане.

Марион Котијар

Изворот не можел да ги потврди информациите од Франција дека Котијар е бремена со своето второ дете со Кане.

Менаџерот на Џоли, Геер Косински, денеска изјави: „Анџелина секогаш ќе го направи она што е во најдобар интерес за да ги заштити своите деца. Таа го цени разбирањето од сите за нејзината потреба за приватност во моментов“, рече тој за Е! њуз.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе