Џим Кери наслика портрет на прес-секретарката на Трамп, на татко ѝ не му се допаѓа

Комичарите често се критикувани поради нивните шеги, но критиките кон Џим Кери ги предизвика неговото хоби, вели Вашингтон пост.

Глумецот викендов беше критикуван на социјалните мрежи околу еден не многу ласкав портрет што го насликал, за кој се претпоставува дека ја претставува секретарката на Белата куќа за печатот, Сара Хакаби Сандерс.

Кери своето дело го објави на Твитер со придружен текст:

„Ова е портрет на таканаречената христијанка чија единствената цел во животот е да лаже од името на злите луѓе. Монструозно!“

Реакцијата беше брза - и жестока.

Повеќето критичари тврдат дека делото на Кери е срамно, додека други жестоко негодуваат поради употребата на именката „христијанка“.

Меѓу оние што го критикуваа портретот е и бившиот гувернер на Арканзас, Мајк Хакаби, таткото на Сандерс.

„Патетичниот СИЛЕЏИЈА, сексист, хејтер, фанатик и христијанофоб Џим Кери ја напаѓа прес-секретарката поради нејзината вера; каква ќе беше лицемерната холивудска реакција ако тој наречеше некого 'таканаречен муслиман' или 'таканаречен Евреин'“, напиша Хакаби.

Асистентката на Кери за медиумите потврди дека портретот е негово дело, но не и дека на сликата е Сандерс. Белата куќа не побара објаснување од Кери.

Ова не е прв излет на Кери во светот на „политичката уметност“:

 

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе