Џеј Џеј Абрамс ќе го напише и режира „Ѕвездени војни: Епизода IX“

Џеј Џеј Абрамс се враќа во „Ѕвездени војни“ и ќе го замени Колин Треворов како сценарист и режисер на „Епизода IX“.

Дизни денеска објави дека Абрамс се враќа, една недела откако се прошири веста за заминувањето на Треворов. По неколку сензационални заминувања на претходните режисери на „Ѕвездени војни“, Лукасфилм се врти кон режисерот што помогна во воскреснувањето на франшизата. Абрамс ќе биде и коавтор на сценариото, со сценаристот Крис Терио, кој доби Оскар за адаптацијата на „Арго“, а беше и коавтор на „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“.

Како режисер на „Силата се буди“, Абрамс го оживеа „Ѕвездени војни“, со главно блескави критики од фановите и со повеќе од 2 милијарди долари во благајните. Абрамс рече дека тоа ќе биде неговиот единствен филм за франшизата, но сега тој се враќа назад.

Претседателката на Лукасфилм, Кетлин Кенеди, рече дека Абрамс „му даде сѐ на што можевме да се надеваме“ на „Силата се буди“ и додаде: „Многу сум возбудена што се враќа да ја затвори оваа трилогија“.

Овој потег, исто така, значи дека Абрамс ќе биде единствениот режисер освен од творецот на „Ѕвездени војни“, Џорџ Лукас, што режирал повеќе од еден филм од франшизата.

„Ѕвездени војни: Епизода IX“ се очекува да излезе во мај 2019 година. Ова е последниот дел во новата „главна“ трилогија на „Ѕвездени војни“, која почна со Абрамсовиот „Силата се буди“ во 2015 година и ќе продолжи во декември годинава со „Последниот џедај“ на режисерот Риан Џонсон.

Продукцијата на „Епизода IX“ требаше да почне во почетокот на следната година. Во овој момент не е јасно дали промената ќе влијае на тоа или на датумот на премиерата.

Вестa за враќањето на Абрамс обожавателите денеска радосно ја поздравија на социјалните медиуми. По „Силата се буди“ тој нема режирано ниту се обврзал да режира друг проект, и наместо тоа се фокусираше на продуцирање.

„Уживам во моментот. Откако ја завршив серијата 'Фелисити', скокав од проект на проект. Поминав 20 години во постојани подготовки, кастинзи, снимања и уредувања на нешто“, изјави Абрамс за Асошиејтед прес во март.

Тој момент, колку и да е краток, заврши. За Абрамс, време е да му се врати на Милениумскиот сокол и на таа галаксија далеку, далеку од тука.

Тоа е нашата политичка наивност- да се верува дека правото е семоќно орудие во разрешавањето на сите проблеми. А каде е моралната, политичката, социјалната, психолошката страна на проблемите? 

повеќе

Премолчувањето на јавнот интерес во законските решенијазначи изостувањето на клучниот критериум за оправданоста на концесиите на добрата од општ интерес.

повеќе

Фатени на дело во многу  кражби, сите праведни граѓани на оваа земја беа убедени дека на арамиите ќе им се суди по примерот на Жан - по кратка  постапка.

повеќе