Белеењето на Холивуд

„Дух во оклопот“ - има ли Холивуд проблем со Азија?

Тргнувајќи од Скарлет Јохансон хероината во новиот римејк на аниме класикот „Дух во оклопот“, до Тилда Свинтон како свештеник од висок ранг во „Доктор Стрејнџ“ (Doctor Strange), филмската индустрија е обвинета за „белеење“ на азиските карактери и култура. Дали е навистина така?

Белеење? Скарлет Јохансон во „Дух во оклопот“ (десно) и нејзиниот лик во оригиналниот аниме филм.

Што се однесува до маркетинг стратегиите, промотивната страна на филмот „Дух во оклопот“ (Ghost in the Shell)  како да си даде автогол. Посетителите беа повикани да создадат свој персонализиран твит на моќност, со прикачување на слика и пишување на слоган кој започнува со зборовите „Јас сум...“. Препораките вклучуваа “силен“, “борец“ и “било кој што сакам да бидам“.

Но фановите имаа поинакви идеи. „Дух во оклопот“ е холивудски игран филм, римејк на еден од најуспешните јапонски аниме филмови на сите времиња. Одлуката Скарлет Јохансон да ја глуми киборг хероината, со оригинално име Мотоко Кусанаги, не помина добро. Ова е „белеење“ - фановите реагираа. Улогата требаше да биде доделена на јапонска глумица. До денеска, повеќе од 100.000 лица ја потпишаа петицијата потврдувајќи го ова. Исто така ја исмеаја и промотивната страна на филмот „Дух во оклопот“. Примерите вклучуваат слика од Јохансон со слоганот „Јас сум тотално јапонка, даа“, слика од јапонската глумица Ринко Кикучи со „Јас сум жената која што требаше да глуми“, а врз слика од деца како фарбаат дрвена ограда фановите напишаа: „Јас сум Холивуд , јас ги правам сите можни филмови“.

Откако филмот „Месечина“ (Moonlight) освои три оскари (вклучувајќи Оскар за најдобар филм), Холивуд туку што заврши честитајќи си за напредокот на африко-американската разновидност во филмската индустријата, оставајќи ги сите тие #ОскарТолкуБел непријатности во минатото.  

Но Азијците имаат особена причина да се чувствуваат огорчено, гледајќи  како нивната култура е ограбена, присвоена и етнички исчистена. „Дух во оклопот“ доаѓа во пресрет на улогите на Ема Стоун како кинеско-хавајски „Алисон Енџи“ во „Алоха“ (Aloha) на Камерон Кроу, Мет Дејмон во срцето на кинескиот еп Големиот ѕид  (The Great Wall), како на предоминантно бели холивудски верзии на приказните како „Последниот Еирбендер“ (The Last Airbender) и „Драгон Бол Еволуција“ (Dragon Ball Evolution).   

Но да бидеме фер има и обратни примери како Семјуел Ел Џексон како Ник Фјури во филмовите на Авенџери и Вил Смит како Дедшот во Одредот на Отпишаните (Suicide squad). Кинеско-американската глумица Клои Бенет (не Клои Ванг) глуми во телевизиската серија „Агентите на Шилд“ (Agents of S.H.I.E.L.D.) и Елоди Јунг од Камбоџа ја игра Електра (оригинално грчка) во „Дердевил“ (Daredevil). Сите овие улоги оригинално се напишани за белци.

Личноста која немаше проблем со улогата да ја игра Скарлет Јохансон, иронично, беше Мамору Оши, режисерот на оригиналниот аниме филм.  Всушност, тој сметаше дека Јохансон е совршена за улогата. Посочувајќи дека ликот сепак е киборг: „Нејзината физичка форма целосно се претпоставува. Името Мотоко Кусанаги и нејзиното моментално тело, не се нејзино оригинално име и тело, така да нема основа да се тврди дека ликот мора да го глуми азиска глумица". Од јапонска перспектива , култура која изобилува со свои приказни и ликови, „Дух во оклопот“ е пријатно изненадување.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе