Дизни ги прогласи Марк Хамил и Кери Фишер за „легенди“

Марк Хамил доби една од највисоките почести на Дизни, но не може да поверува дека Кери Фишер не е таму за да го види тоа.

Хамил и Фишер беа прогласени за легенди на Дизни на церемонија во петокот за време на конвенцијата на обожавателите Д23 Експо во Анахајм, Калифорнија. Тој рече дека Фишер ќе го натерала да се смее на настанот и ќе го третирала со некакво хулење.

„Па, посакувам Кери да беше тука“, рече тој. „Таа ќе ме смееше и ќе ме тераше зад камерите да ѝ го тегнам средниот прст - еден од нејзините омилени гестови“.

„Навистина би сакал таа да беше тука“, рече тој. „Но таа, пак, ќе сакаше да се забавуваме и да не бидеме тажни“.

Истата чест им беше дадена и на Опра Винфри, легендарниот Стен Ли на Марвел комикс и други. Творецот на „Ѕвездени војни“, Џорџ Лукас, и Џони Деп станаа „легенди“ на Дизни во 2015 година.

Хамил (65) ја повторува својата улога како Лук Скајвокер во „Ѕвездени војни: Последниот џедај“, кој ќе биде пуштен во декември. Фишер исто така се појавува во филмот како сестрата на Скајвокер, Леа Органа, принцеза, па генерал.

Се очекува Дизни да открие нови детали за филмот за време на денешниот панел на Д23.

Хамил рече дека видел само делови од „Последниот џедај“ додека снимал некои дополнителни гласовни снимки за филмот, а тие биле во црно-бело. „Изгледа прекрасно во црно-бело“, рече тој.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе