Чак Норис преживеал два инфаркти за еден час?

Американскиот глумец Чак Норис минатиот месец наводно доживеал два силни инфаркти во ист ден, во период од 45 минути, јавува порталот Рејдар онлајн.

Се тврди дека Норис првиот удар го имал по враќањето во хотелската соба во Лас Вегас во која престојувал со сопругата.

Веднаш бил префрлен во болница, а таму доживеал уште еден срцев удар.

Порталот пишува дека 77-годишнот глумец сега се чувствува добро и дека издржал иако бил „блиску до смрт“.

Норис во Лас Вегас присуствувал на натпреварот по боречки вештини Јунајтед фајтинг артс.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе