Бред Пит се чувствува заробен од името Бред

Најновото во врска со Бред Пит се многу сензационални вести за неговиот развод и за неговото откажување од алкохол. Но не дозволувајте тоа да ви го одвлече вниманието од едно клучно откровение.

Пит, кој се колне дека не поминува низ средовечна криза, не сака повеќе да се вика Бред. Кога во Џи-кју го прашуваат дали се смета себеси за успешен, глумецот (иако не смета себеси ни за некој којзнае каков глумец) едноставно одговара: „Би сакал да можам да си го сменам името“.

„Како Пи Диди. Можам сега да бидам Пафи или - како е Снуп? Лајон? Едноставно чувствувам дека името Бред не ми одговара“, вели Пит. „А во моментов се чувствувам баш како некој ебан Бред“.

Пит, кој е толку многу Бред, брзо појаснува дека ребрендирањето според горенаведениот рапер не е баш она што тој го бара. Наместо да има друго име, тој порадо би одел со „Ништо“.

Е па со среќа со твојот проблем со бредството, Пит.

Прашањето на потпишување договор за добрососедство со Бугарија е вештачко прашање.

повеќе

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

повеќе

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе