Бордејн во последното интервју пред смртта: „Клинтон е силувач, на Вајнстин му посакувам насилна смрт“

Славниот готвач и гастрономски патеписец Ентони Бордејн, кој минатиот месец изврши самоубиство во хотелска соба во Франција, своето последно интервју ѝ го даде на новинарката Марија Бустиљос за нејзниот нов магазин Попула.

Бордејн во интервјуто зборува за обвинетиот холивудски  продуцент, кој меѓу дургите сексуално ја малтретирал и неговата девојка, а ги спомнал и Клинтонови, како и политиките на Доналд Трамп.

Бустиљос со него разговарала во февруари, во неговиот омилен Ајриш паб во Њујорк. Во таа прилика, славниот готвач и еден од најгласните мажи што го подржуваат движењето „И јас“ (#MeToo) го нарекол поранешниот американски претседател Бил Клинтон „серко и силувач“. Тој истакнал дека Бил и Хилари Клинтон „им плукнале во лице“ на сите жени кои излегле во јавноста со обинувања на сметка на холивудскиот продуцент Харви Вајнстин.

„Тој е многу шармантен човек, тој е ебено фасцинантен. Хилари исто така, Кога си во соба со неа, ти мислиш колку е фина и забавна. Меѓутоа, срамен е начинот на кој тие ги понижија и дискредитираа сите жени кои ја изнесоа вистината“, кажал Бордејн тогаш.

Бордејн, кој беше во врска со италијанската глумица Асија Аргенто, една од првите што го обвинија Вајнстин за сексуално малтретирање, додаде дека особено го погодила реакцијата на Клинтонови околу тие настани. Хилари само кажала дека е вџашена но дека не знае што се случувало зад затворени врати.

Таа нејзина изјава, Бордејн ја оценил како неприфатлива од причина што Клинтонка на своите поддржувачи (меѓу кои бил и тој самиот) им се претставувала како борец за правата на жените. Сепак, тој истакнал дека станувало збор за друго нешто – Вајнстин беше еден од финансиерите на Хилати откако во 1999 година се кандидираше за јавна функција.

Ентони Бордејн, во своето конечно интервју, кажал и дека на Харви Вајнстин му посакува во затвор да го претепаат до смрт. Покрај тоа, како борец за женските права, тој опишал и како ја замислувал смртта на Вајнстин.

„Тој е во бањата. Ненадејно добива мозочен удар, во отворен пењоар се струполува во кадата. Последните свесни моменти ги користи за барање по контактите кого може да повика и кој навистина ќе му одговори на телефон“, кажал Бордејн.

Славниот готвач ја чепнал и актуелната американска политика, оспорувајќи ја компетентноста на Доналд Трамп, за кого истакнал дека нема поим како функционира власта во Америка.

Бордејн првично се прослави како готвач, а потоа стана колумнист, писател и ТВ ѕвезда. Преку своите емисии ѝ помагаше на публиката да размислува за храната и патувањата на сосема поинаков начин.

Тој се залагаше за луѓето на маргините и водеше кампањи за побезбедни услови за работа на колегите.

Шеесетиедногодишниот Бордејн беше најден мртов на 8 јуни во хотелска соба во Кајзерсберг во Франција, каде снимаше нова епизода од својата позната серија „Непознати парчиња“.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе