Боно се сретна со Макрон за да разговараат за сиромаштијата

Францускиот претседател Емануел Макрон го прими поп-пејачот и филантроп Боно во Елисејската палата во Париз за да разговараат за сиромаштијата.

 

На вчерашната средба, која траела повеќе од еден час, Боно и Макрон разговарале за невладината организација УАН, која - пишува на нејзината веб-страница - презема „акција за ставање крај на екстремната сиромаштија и болестите што може да се спречат, особено во Африка“.

Во придружба на француската прва дама Брижит Макрон, Боно по средбата рече дека едно од главните прашања во плодните разговори беше образованието на девојки и жени во Африка.

Боно, познат активист, не ѝ е непознат на француската претседателска палата. Тој се сретна и со поранешните претседатели Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд.

На пејачот на У2 во 2003 година му беше доделен орденот Легија на честа, највисока француска почест за воени и цивилни заслуги.

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе