Боемска рапсодија: излезе првиот трејлер на филмот за Квин и Фреди Меркјури (ВИДЕО)

Се појавија првите сцени од долгоподготвуваниот филм за еден од најголемите британски рокерски бендови.

На интернет излезе првиот целосен трејлер на биографскиот филм за Квин и Фреди Меркјури, „Боемска рапсодија“ (Bohemian Rhapsody). Со Рами Малек (од „Мистер Робот“) како Меркјури, извонредниот пејач на бендот, кој почина во 1991 година, во понеделникот атмосферата зовре со краткиот тизер на официјалниот Јутјуб-канал на Квин.

Филмот се подготвува барем од 2010 година, кога беше најавено дека Саша Барон Коен треба да го игра Меркјури; сепак, Барон Коен го напушти проектот во 2013 година, како причина наведувајќи „креативни разлики“ со членовите на Квин, а гитаристот Брајан Меј подоцна го нарече Барон Коен „шупак“.

Проектот подоцна западна во нови проблеми кога неговиот режисер, Брајан Сингер, беше отпуштен откако наводно долго време бил отсутен поради „здравствени проблеми“. Режисерот на „Еди Д Игл“, Декстер Флечер, беше подготвен да го замени на половина пат од продукцијата.

Рами Малек како Фреди во „Боемска рапсодија“

Официјалниот синопсис го опишува филмот вака:

„Боемска рапсодија е силна прослава на Квин, на нивната музика и нивниот извонреден пејач Фреди Меркјури, кој им пркосеше на стереотипите и на разнишаните норми и стана еден од најомилените забавувачи на планетата. Филмот го следи метеорскиот подем на бендот преку нивните легендарни песни и револуционерен звук, нивното доаѓање на работ на колапс додека животниот стил на Меркјури излегуваше од контрола, и нивното триумфално обединување во пресрет на Лајв еид, каде што Меркјури, соочен со болест опасна по живот, ја одведе групата во една од најголемите изведби во историјата на рок-музиката“.

„Боемска рапсодија“ треба да излезе на 24 октомври во Велика Британија, на 1 ноември во Австралија и на 2 ноември во САД.

Објавено

Вторник, Мај 15, 2018 - 20:00

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе