Бил Козби прогласен за виновен за сексуален напад

80-годишниот комичар го чекаат можни 15 до 30 години затвор по судењето. Пресудата во инцидентот за 2004 година следува по десетици обвиненија против Козби.

По помалку од два дена разгледување, жирито на Пенсилванија го прогласи актерот и комичар Бил Козби за виновен во врска со инцидентот за сексуална злоупотреба во 2004 година во неговиот дом во предградие на Филаделфија.

Козби (80) се соочува со можна максимална затворска казна од 15 до 30 години.

Пресудата ги оправда обвинувањата од десетици жени, кои јавно го обвинија Козби за сексуално малтретирање, вознемирување или обид за злоупотреба. Овој случај многумина го сфатија како пресвртница во движењето #И мене (MeToo) против сексуалниот напад.

Судењето по истите обвиненија минатото лето заврши со неуспешна пресуда од жирито.

Козби е осуден дека ја довлечкал и сексуално ја нападнал Андреа Констанд, поранешна кошаркарка, која имаше 30 години за време на наводниот инцидент. Козби рече дека тие имале согласна врска.

На судењето пет други жени освен Костанд сведочеа за обвинителството дека Козби ги нападнал.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе