Арнолд Шварценегер ќе ја тужи нафтената индустрија за „убиство од прв степен“ (ВИДЕО)

Исто како и тутунската, и нафтената индустрија е соучесник во „свесно убивање луѓе низ целиот свет“, поради глобалното затоплување предизвикано од фосилните горива, и тие ќе одговараат за тоа, рече еден од најпознатите поранешни гувернери на Калифорнија.

Арнолд Шварценегер вчера на фестивалот „Саут бај саутвест“ за Политико ја критикуваше нафтената индустрија, предупредувајќи дека тој и адвокатските фирми со кои разговарал планираат да тужат некои од најголемите нафтени компании.

„Апсолутно е неодговорно да знаете дека вашиот производ убива луѓе и да не ставите предупредувачка етикета“, рече тој, тврдејќи дека нафтените компании најмалку од 1950-тите години знаеле дека фосилните горива ќе доведат до климатски промени што ќе го доведат човечкиот род во опасност.

„Ако влегувате во соба и знаете дека ќе убиете некого, тоа е убиство од прв степен“, рече тој.

Шварценегер, кој не кажа рок кога ќе преземе официјална акција, во мај ќе биде домаќин на Австрискиот светски самит, каде што ќе се сретнат „акциони херои“ за да дискутираат за прашањата поврзани со животната средина.

Поранешниот Терминатор-гувернер зборуваше и за претседателот Трамп, кој на митингот во Пенсилванија во саботата изјави дека Шварценегер „кикснал“ на Трамповото шоу „Чирак“ (The Apprentice).

„Никогаш не ми е јасно како Русите го натеруваат да кажува некои работи“, рече Шварценегер.

Тој стана посериозен кога зборуваше за движењето #MeToo; тој самиот е обвинет за „фаќање“ и друго несоодветно однесување. „Мислам дека тоа е фантастично“, рече тој за притисокот кон преземање одговорност. „Мора така да го гледаш тоа и да си кажеш 'Грешев. И мора да се извинам'“.

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе