Ар-Ту-Ди-Ту дроидот што се користеше во филмовите „Ѕвездени војни“ се продаде за 2,76 милиони долари

Светлосниот меч на Лук Скајвокер и шлемот на Дарт Вејдер не беа толку популарни на аукцијата во Калифорнија.

Ар-Ту-Ди-Ту дроидот што се користеше во неколку филма на „Ѕвездени војни“ се продаде за милиони на аукција во Калифорнија, пренесе Гардијан.

Аукциската куќа Профили во историјата соопшти дека 110 см високата направа составена од делови користени за време на снимањето на оригиналната трилогија се продаде за 2,76 милиони долари во средата.

Нема информација за тоа кој го купил дроидот, што беше најскапиот предмет понуден на аукцијата на филмски сувенири каде беа вклучени бројни реквизити од франшизата на „Ѕвездени војни“.

Меѓу другите предмети што се продаваа беа светлосниот меч на Лук Скајвокер од првите два филма што се продаде за 450.000 долари и шлемот на Дарт Вејдер од оригиналниот филм продаден за 96.000 долари.

Други филмски и телевизиски реквизити со вселенски теми исто така се продаваа, така колекција од 23 брода од Бетлстар Галактика и Бак Роџерс се продадени за 1,8 милиони долари. Шлемот што го носеше актерот Бил Пакстон од серијата Алиенс се продаде за 51.000 долари.

Сите предмети што се продаваа не беа вселенски. Така осветлената танцувачка сала од филмот „Треска во саботна вечер“ се продаде за 1,2 милиони долари.

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе