Ана Кендрик: Го навредив Обама во лице

Глумицата се сеќава на својата интересна средба со бившиот американски претседател Обама.

Ана Кендрик раскажа изненадувачки безобразна приказна на „Лејт шоу“ со Стивен Колбер во петокот за својата средба со претседателот Обама.

На прашањето од водителот да ја објасни фотографијата на која Обама се витка од смеа додека се ракува со неа, глумицата објасни: „Добив мејл во кој пишуваше: 'Еј, сакаш ли да се сретнеш со претседателот?' Нормално, јас реков, 'На што?' и тие ми одговорија 'На државата, идиоте'.

Така, Кендрик отишла на средбата во Лос Анџелес со уште триесетина луѓе, кога Обама во својот говор го пофалил нејзиниот филм „Горе во воздухот“ (Up in the Air) од 2009 година дека успешно ја пренел американската рецесија.

„Јас си мислев, 'Не е згодно баш сега да се задушиш', што очигледно се случуваше“, рече Кендрик.

Подоцна, тресејќи ја раката на Кендрик пред фотоапаратите, претседателот рекол: „Се надевам дека не те посрамотив прееска“.

„Јас му реков 'Да, баш сте шупак'“, раскажа Кендрик. „Тој се насмеа и рече: 'О, а ти си од Мејн, нели?'... Јас реков: 'Да, и впрочем јас прва стигнав тука'. А тој рече: 'Дали луѓето од Мејн навистина се точни?' И јас му реков, 'Не го знаете тоа? Па вие сте претседател'“.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе