Шведскиот бенд

АББА ги најави првите нови песни по 35 години

Шведскиот четиричлен бенд на Инстаграм најави две изданија што ќе бидат дел од „проектот аватар турнеја“.

АББА соопшти дека ги напишале и ги снимиле своите први нови песни откако се разделија во 1982 година.

Шведскиот четиричлен бенд, кој имаше девет број еден хитови во Велика Британија помеѓу 1974 и 1980 година и продаде стотици милиони записи низ целиот свет, на Инстаграм објави дека снимиле две нови песни за проект во кој ќе настапат аватарите на групата.

„Одлуката да продолжиме со возбудливиот проект Аба аватар турнеја имаше неочекувана последица. Сите почувствувавме дека, по околу 35 години, може да биде забавно повторно да се здружат силите и да влеземе во студиото за снимање. И влеговме. И беше како времето да застанало и ние сме биле само на краток одмор. Екстремно радосно искуство!“

Една од двете нови песни, I Still Have Faith in You, ќе биде објавена во ТВ-емисија во декември.

Во соопштението се заклучува: „Можеби ние остаревме, но песната е нова. И чувството е убаво“.

❤️

A post shared by @ abbaofficial on

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе