Во Демир Хисар се одржа најголемата македонска џип турнеја (ФОТО)

Лошото време не поколеба повеќе од 100 македонски возачи на „високотуражни“ теренски возила да учествуваат на 6. традиционална „Демирхисарска џип турнеја 2017“.

 

Возејќи по 60. километарската траса што поминува низ најживописните природни предели на Демир Хисар, македонските џипџии отседнаа извесно време и во рударското окно на поранешниот рудник за железо каде што во екстремни услови ги демонстрираа несекојдевните возачки вештини и моќноста на „машините“.

„За Демир Хисар не можевме да смислиме пооригинална промоција и презентација. Лани ветивме, а оваа година остваривме – во Демир Хисар се одржа најголемото македонско „слободно возење“ со теренски моторни возила, мотоцикли и велосипеди... Од ова ќе направиме голем и препознатлив бренд“, изјави градоначалникот Љупчо Блажевски.

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе