Не е за џабе одењето

Убедлива победа на Македонија на натпреварот за најлошо облечен пејач на Евровизија!

Ако изгубивте надеж дека некогаш можеме да добиеме награда на Евровизија и планиравте да го фрлите телевизорот од шести кат, не очајувајте.

Токму годинава крунисаниот најлошо облечен изведувач на натпреварот за песна на Евровизија е нашата Марија Ивановска!

Од вкупно 43 учесници на Евровизија, од гледачите било побарано да гласаат за најлошо облечениот преку Сонгфестивал, кој ќе ја добие наградата Барбара Декс 2018. Уште од почетокот на гласањето било јасно дека Марија е фаворит, бидејќи за Македонија многу се зборувало на Евровизија 2018, а една од причините била нејзината облека.

Марија Ивановска беше облечена во розово палто (фустан, жакетче?) облечено наопаку, со сребрена светкава крагња и сребрени шорцеви што ѕиркаа под розовото. Насред изведба, палтото (фустанот, жакетчето?) беше извадено и Марија остана во сребрено светкаво боди - со розови плетени мотиви.

Или, што би рекла стилистката на аутфитот, „бодито е правено по специјална рачна изработка што ја има само во три фабрики за висока мода во Европа и траеше илјада часови“.

Би-би-си на Твитер исто така се позанимава со аутфитот на нашата Марија, со коментар: „Не е НАОПАКУ, мамо, таква е модата, не разбираш ти."

И тоа не е сè.

Ова не е првпат да бидеме крунисани како најлошо облечени. Во 2005 истата награда ја доби Мартин Вучиќ.

Еве ги првите пет добитници на годинашнава 22-ра награда Барбара Декс:

1. Македонија (Ај кју)

 

2. Австралија (Џесика Маубој)

 

3. Белгија (Сенек)


4. Црна Гора (Вања Радовановиќ)


5. Израел (Нета)

Објавено

Понеделник, Мај 21, 2018 - 15:08

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе