Трето издание на Скопје дизајн вик

Од 1 до 6 октомври ќе се одржи третото издание на Скопје дизајн вик во Куршумли ан.

Ако првото издание на Скопје дизајн вик беше чисто запознавање со дизајнот, декодирање на поимот дизајн, можностите и предностите што ги нуди доколку правилно се стави во функција, веќе второто издание помогна да се разбере дека е понудена платформа за претставување пред домашната публика и потрошувачи, а и за пристап до меѓународната сцена.

Oваа трета година фестивалот ќе има издание кое ќе потврди изграден идентитет, како дома, така и во регионот каде најмногу се соработува. Скопје дизајн вик (Skopje Design Week) прераснува во значаен играч во регионот и активно соработува со сите дизајн платформи на Балканот. Најзначајните дизајни што се продуцираат кај нас вредат да се претстават и во регионот преку организирани настапи и поставки на настани како што се Миксер фестивал во Белград, Дан Д во Загреб, Неделата на дизајн во Софија, а од оваа година и на Неделата на дизајн во Тирана. Сите овие фестивали имаат иста идеологија, од една страна функционално обединување на регионот како еден пазар без никакви бариери, а од друга страна претставување пред пошироката светска публика како целина. Идеологијата повторно се иницира од страна на регионалните политичари, бидејќи многу од нив сфатија дека заедно сме посилни.

Присуството на регионалните фестивали посветени на креативноста е значајно за македонските компании.

Директната комуникација со купувачите наклонети кон нови дизајн предизвици, интеракцијата со нив и со потенцијалните бизнис партнери во една поинаква атмосфера ослободена од формалноста на саемот, а збогатена со интензитетот на присутната креативна енергија помага за директно пренесување на филозофијата на брендот, а со тоа и полесно позиционирање на соодветниот пазар. Од истите причини, организаторите на Скопје дизајн вик настојуваат во Скопје да ги донесат најдобрите дела од регионалните селекции и да ги претстават заедно со изборот од најновото и најдоброто од македонските дизајнери, опфаќајќи ги притоа сите дизајн сфери – продукт, графички и моден дизајн. Резултатот го гледаат е во поврзувањето помеѓу дизајнерите и компаниите што веќе раѓа со соработки и реализирани проекти на различни нивоа и во различни области.

„Швајцарија е овогодинешна земја во фокусот која покрај чоколадата, Алпите и часовниците е една од водечките дизајн сили во светот. Десет топ-дизајнери од Швајцарија, ќе откријат како Швајцарија врз основа на дизајнот успева да создаде производи и да стане светски бренд. Придобивките за македонските компании се големи, тие ќе имаат можност да соработуваат со овие дизајнерски имиња на повеќе нивоа од дизајнерска гледна точка. Од една страна најголемиот воочен проблем е јазот меѓу креативното и применливото, меѓу идејата и реализацијата. Производствените и увозно ориентираните компании, од друга страна, разбраа дека потрошувачите се едуцираат и дека и тие треба да бидат во чекор со времето за да опстанат на пазарот и го зголемат својот обем на работа и профит. Токму затоа критериумите за изложување и учество годинава се заострени, како за компаниите, така и за младите таленти“, изјави Александар Велиновски, директор на Скопје дизајн вик.

Интересот за дизајнот и тука и во светот е на највисоко ниво досега, дизајнот кога е добар, кога е добро дизајнирана, добро осмислена функционалноста и естетиката на производот, комуницира многу лесно, затоа и се вели „дизајнот сам продава".

Кој беше против осудата на комунизмот. За работите да станат појасни.

повеќе

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе