Спијте мирно, Иван Исцелител ќе нè спаси од кобниот астероид (ФОТО)

Македонците, а и целата планета, може да спијат мирно - Иван Исцелителот испратил силна молба до Господ да го шутне опасниот астероид подалеку од Земјата.

На својот фејсбук-профил тој го напишал следново: „Драги пријатели од целиот свет, не плашете се јас вчера од Македонија, Куманово, село Младо Нагоричани испратив силна молба кон Бог, да го измести астероидот подалеку од нашава планета Земја и сега е безбедна. Астероидот само ќе помине околу планетата Земја на 21.03.2014, нема потреба од паника. Бог е семоќен. Амин.”

Значи ако напнато гризевте нокти, обилно се потевте и ве фаќаа панични напади на страв поради веста за астероидот што го најавуваат светските блогери – опуштете се, штом ние си го имаме Иван Исцелител.

Инаку, во 2003 Си-ен-ен објави дека ако астероидот „2003 КК47“ удри во Земјата, ќе биде како да удриле 20 бомби како онаа што беше фрлена на Хирошима. Астероидот е на сигурна оддалеченост од Земјата, но влијанието на гравитацијата на Јупитер може да го помести и да го насочи кон Земјата, вели научникот д-р Алан Фичсимонс. Другите експерти сметаат дека шансите тоа да се случи се 1:250.000.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе