Слушнете ја „Психопат“ од Визија (ВИДЕО)

,,Психопат" е нова нумера на рок бендот Визија која е пуштена во етерот. Во изминатите две недели во јавноста беа пуштени и ,,Гласот на мојата душа" и ,,Паѓа мрак".  Ова е претпоследната песна пуштена во етерот од серијалот на четири песни кои бендот ги сними во студиото Ентерпрајз. Последната пак, ја очекуваме следната недела. 

Бендот Визија постои од ноември 2011 година. Во своето постоење бендот успева да освои награда на првиот Т'к так фест во Кавадарци, да настапи на престижниот скопски фестивал Таксират и на уште неколку концерти и фестивали. Членови на оваа група се: Марко Џамбазоски (Гитара/Придружни вокали), Марко Гапо (Вокал), Лилјана Јанкова (Бас Гитара), Синиша Ѓорѓевиќ (Тапани). Инспирацијата се црпи од рок музиката, проследено со експериментирање на различни стилови, со цел да се формира свој сопствен стил.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе