Синоќа во Скопје

Се отвори скопската Недела на дизајнот (ФОТО)

Префинето, во одлична атмосфера, река луѓе се слеваше синоќа во Куршумли ан, по повод отварањето на третата по ред Недела на дизајнот. Различни профили луѓе, ама сите дојдени со една цел - да видат нешто ново и креативно, да разменат инвентивна енергија, како и да се забавуваат.

 

Така, на приземјето можеа да се видат дела на дизајнерски фирми што инвестираат во дизајнот и го употребуваат како основа алатка во својата работа, додека на првиот спрат можеа да се видат  уметници и дизајнери кои претежно претставувуваа автентичен труд.

Разгледувањето на креативните трудови дополнително беше збогатена со музиката на бендот „Кар чеш брас бенд“ од Словенија.

До крајот на Неделата на дизајнот, која завршува на 6 октомври, посетителите ќе можат да видат околу 200 учесници од десетина земји, 36 комерцијални изложби и шест концерти на регионални бендови во вечерните термини, како и 12 креативни работилници за креативни претпријатија, за експериментален дизајн на продукти, дизајн на звук, за музички театар, дизајн во комуникацијата, работилница за поетичен дизајн, детски работилници за рециклирање и игра, работилница за гастрономија, на која ќе се создаваат и претставуваат специјалитети...

Влезот за сите посетители е бесплатен.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе