петок, 17 мај 2024

Орбан: Атентаторот на Фицо е левичарски активист, сега мораме да се бориме сами

Додека Словачка е во шок по атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо, во соседна Унгарија владата на Виктор Орбан го користи нападот во изборната кампања. Унгарскиот премиер Виктор Орбан го опиша Фицо како „причина за гласање за мирот“ на изборите за Европскиот парламент, а атентаторот го опиша како левичарски активист.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„По промената на власта по изборите во Словачка, Словачка го почна својот пат кон мирот, што беше од голема корист за Унгарија. Овој процес сега е нарушен и прекинат со обидот за атентат на левичарскиот активист на словачкиот премиер“, кажа Орбан.

Премиерот Орбан и опиша месеците изгубени поради отсуството на Роберт Фицо од кабинетот поради нападот како „критични“, па додаде: „И понатаму се надеваме на негово заздравување, но сега сами мораме да се бориме за мир“.

Орбан го искористи атентатот на Фицо за да ги повика гласачите да гласаат за неговата опција на изборите за Европскиот парламент: „Сега мораме да се бориме двојно посилно и тоа сами. Клучно е да се прекине насилството и да се гласа за мир на 9 јуни!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ