На модната ревија на „Сара фешн“

Македонскиот бодибилдер Зафиров со доберман се појави на сцена како модел (ФОТО)

Еден од најпознатите бодибилдери во Македонија, Тоше Зафиров зачекори на сцена и како модел. Четирикратниот шампион во бодибилдинг, Зафиров заедно со фитнес моделот Стефан Митев вчера се појавија на сцена на модната ревија на „Сара Фешн" насловена „Дијамантска сензација", која беше уште и поврзана со „враќањето на ѕвездата", ТВ магазинот „Бекстејџ".

Зафиров и Митев излегоа на сцена на крајот на ревијата придружувани од доминантните црни добермани. Прекрасните и дресирани кучиња беа дел од ревијата и одлично се снајдоа во придружба на своите нови „сопственици".

Освен прекрасните манекенки кои продефилираа на сцена, Зафиров и Митев и двете прекрасни кучиња беа вистинска атракција.

Облечени во фармерки, а во горниот дел без маички, македонскиот бодибилдер и фитнес моделот со нивните извајани тела кои се резултат на долгогодишни тренинзи комбинирани со исхрана, изгледаа прекрасно и совршено се вклопија во гламурот на сцената. 

Познатиот македонски бодибилдер за себе вели дека никогаш не се гледал како модел, оти како што за себе вели, тој е спортист и посветен е на бодибилдингот. 

Но, оваа понуда која ја доби од организаторите, вели ја прифатил поради фактот што на сцена излегува во придружба на прекрасните животни кои му го привлекле вниманието уште на прв поглед.

„До сега сум одбивал неколку понуди за модел, но овде внимание ми привлекоа кучињата кои се прекрасни, дресирани и совршено се снајдоа во наша придружба. Голем љубител сум на животните и дома имам четири кучиња, златен ретривер, кане корсо и две кучиња од расата џуџест пинц. Ми се допадна и целиот концепт и гламурот на ревијата. Драго ми е што се помина убаво и одлично се снајдов и како модел, а и со мојот прекрасен придружник", вели Зафиров.`

Објавено

Петок, Септември 14, 2018 - 13:10

Република Македонија е мала држава на Балканот чија основна цел е опстанокот во меѓународните односи и грижа за благосостојбата на сопствените граѓани.

повеќе

Заев побара од дипломатите да се воздржуваат од активности меѓу гласачите спроти референдумот, а онаа од поддржувачите не му пречи.

повеќе

Македонија по оваа авантура нема каде да се врати и единствениот пат по кој треба да тргне е патот на внатрешно реформирање и интраетничко помирување и обединување.

повеќе