Дарко Митревски

„Македонци сме оти ни се може“

Македонија е свето име... „Пред 6 години оваа реченица им бодеше очи и против неа пењавеа многумина кои изминативе два дена националниот пораз се обидуваат да го протолкуваат како победа. Како и да е, нека ви е честита светлата иднина во која нема да се сретнеме. Нај, нај, најискрено: со среќа на тој пат!“, напиша на Фејсбук режисерот Дарко Митревски.

„Историјата не е баш многу прецизна мерка за нечиј идентитет. Од една страна, точно е дека и Александар и Самоил и Марко и Даме живееле во Македонија и ја создавале историјата на Македонија. Од друга страна, не сум јас Македонец заради нив, туку заради самиот себеси. Правото на себеопределување е право на секој народ: нема ништо пологично од тоа што ние, народот на областа Македонија, се нарекуваме Македонци и својата држава ја викаме Република Македонија. Верувам дека и Караманлис и Каракачанов би сакале да бидат Македонци, ама што да им правам: тие не се - а ние сме“, рече Дарко во интервју во 2009.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе