Неточни гласини на социјалните мрежи

Евровизиската песна не е повлечена!

Гласини за повлекување на песната „Империја“ почнаа да се шират низ социјалните мрежи. Од наши извори дознаваме дека гласините не се точни и дека не станува збор за никакво повлекување на песната.

Беше доволно песната „Империја“ на нашите евровизиски претставници да ја снема од Ју-тјуб за да почнат да се шират гласини дека наводно, песната e веќе повлечена.

Од наши извори дознаваме дека сепак, не станува збор за никакво повлекување на песната „Империја“ со која Есма и Лозано ќе ја претставуваат Македонија на Евросонг во Шведска, туку за техничка грешка во видео-записот и дека наскоро повторно ќе може да ја слушаме и гледаме на Ју-тјуб.

     

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе