Дај ми да бидам човек свој, порачува Мијата (ВИДЕО)

Видеоспотот е извадок од соундтракот на перформансот „Јаболки и круши за уметнички души“, а пораката зборува за слободата на секого од нас.

Песната на Мијата „Дај ми Да” е дел од кабаре-концертот „Јаболки и круши за уметнички души“, кој по Берово и Кочани ќе отпатува во Ресен и во други градови низ Македонија. Турнејата ќе ја заврши во Скопје на крајот на ноември.

„Кога на уметникот ќе му овозможите да покаже што носи во себе, тогаш за него нема поголема среќа. Берово и Кочани го видоа овој кабаре концерт, еден мој проект што овој повторно заживеа оваа есен. Видеоспотот е извадок од перформансот 'Јаболки и круши за уметнички души', а и пораката е силна, зборувам за слободата на секого од нас”, вели Мијата.

Песната „Дај ми Да“ оригинално е една од соработките на Мијата со Кокан Пандиловски од Конкорд, кој е автор на музиката. Аранжманот е на Трајко Симоновски-Таци, а текстот е на Мијата.

Во кабаре-концертот освен Мијата учествува и Мето Јанакиевски/Томе Станковски како пантомимичар и физички театар, Ајхан Куртов е на пијано, а Тања Рибарска е во улога на инспициент и дизајн на звук.

„Јаболки и круши за уметнички души“ е кабаре-перформанс чиј автор е Мијата, режијата е на Војо Цветановски и е дел од манифестацијата Новиот културен бран 2018.

Објавено

Вторник, Октомври 2, 2018 - 13:32

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе